Создавање квалитетен образовен систем, наш приоритет, порача Царовска

Од:

Развој на квалитетно образование достапно на сите, образование кое ќе создава граѓани кои ќе размислуваат логички и критички и ќе донесуваат заклучоци базирани на факти и анализи, подобрување на оценките не меѓународните тестирање, образован процес по чие завршување младите ќе можат да се вклучат на пазарот на труд се приоритети во идното работење на Министерството за образование и наука.

-Верувам во еднаквоста. И моја лична определба е секое девојче и момче, низ образовниот систем, да се изгради во личност која ги почитува и негува граѓанските права, толеранцијата и различностите. Како заедница, како Влада, како министерство и како министерка се заложувам за воспитување и образување во духот на мултикултурализмот и создавање на кадар оспособен да одговори на побарувачката на пазарот на трудот, рече на денешната прес-конференција министерката за образование и наука Мила Царовска.

Еден од приоритетите на МОН, потенцира таа, ќе биде и подобрувањето на оценките на меѓународните тестирања.

-Секој од нас и јас како министерка сакам нашите деца да бидат на исто рамниште на знаења и способности со најдобрите. Тоа ќе го достигнеме преку образовна реформа базирана врз детална анализа на резултатите од меѓународните тестирања. Само со заеднички заложби на Министерството, училиштата, наставниците и родителите, резултатите од тестирањата ќе станат наша гордост, нагласи Царовска.

Таа додаде дека создавање мотивиран наставен кадар и враќање на достоинството на професијата наставник, како една од најважните алки во пренесувањето на знаењето, е меѓу приоритетите, и затоа ќе се вложува во кариерниот развој и унапредувањето на наставниците како и во соодветно вреднување на нивниот труд.

-МОН интензивно ќе работи и на јакнење на стручните училишта, со цел секој ученик по излегувањето од стручно училиште да може без проблеми да се вклучи во работниот процес, обезбедувајќи си добро платена работа и сигурна иднина, рече министерката за образование и наука.

Инвестициите во подобрувањето на условите за учење, потенцира, ќе се прават плански и паралелно со изградбата на нови училишта, ќе се одржуваат постоечките, а нема да бидат заборавени ниту студентските домови, кои треба да бидат пристојно место за живеење на студентите.

-Младите се наш многу важен фактор во носењето на сите политики поврзани со школувањето и подобрувањето на младинскиот стандард. Очекувам нивна активна вклученост, иницијативи, идеи и поддршка, рече министерката за образование Царовска.

Би можело да ве интересира

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци