Клоп: Ние не сме како некои клубови кои се во сопственост на држави или олигарси

Од:

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за политиката на трансфери во Ливерпул.

– Сите клубови сега се во различна позиција. Ние продолжуваме да живееме во свет во кој не е сè јасно. За некои клубови неизвесната иднина не е фактор, бидејќи тие се во сопственост на земји или олигарси. Ние сме друг тип на клуб. До финалето во Лигата на шампионите стигнавме пред две години, го освоивме пред една година, а сега сме шампиони на Англија, како клуб што сме. Ливерпул не може само да се појави и да се однесува како Челси на трансфер пазарот.

Ние секогаш сакаме да го засилиме составот, но постојат различни начини. Едната е да потпишеме нови играчи, втората е да работиме заедно, да го подобриме тимот во кој веќе беше добар и да ги отстраниме недостатоците. Ова е фудбал, никој не сака да зборува за тренинг, само за трансфери, истакна Клоп.

Под водство на германскиот стручњак, Ливерпул ја освои титулата во Англија по пауза од 30 години.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска