Под притисок од ЕУ, Србија се откажа од заедничката воена вежба со Белорусија

Од:

Владата на Србија на денешната седница донесе одлука со која ги прекинува сите воени вежби и други активности на армијата, потврди српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, кој рече дека земјата била под притисок од Европската унија за одлуката.

„Република Србија е под страшен и незаслужен притисок од ЕУ. Притисоци кои немаат смисла и не се втемелени во нашите одлуки и во нашите постапки, па дури и во реалноста. Резултат се на хистерија што ги одредува политичките одлуки и насоките на големите моќни земји,“ изјави српскиот министер за одбрана Александар Вулин.

„Од нас се бара да ги напуштиме планираните воени вежби со Белорусија по цена на напуштање на нашата европска иднина и по цена на уште поголем притисок врз нашата политика и врз нашиот народ во Косово и Метохија и Република Српска,“ додаде Вулин.

„Со цел да се зачува позицијата на воена неутралност и да се избегнат, или барем да се намалат последиците од засилените напади врз земјата, врз нашата политика и економија, Владата донесе одлука да ги запре сите воени вежби и сите други активности со партнерите во следните шест месеци“, рече српскиот министер.

Тој објасни дека процесот на зајакнување на српската армија нема да биде запрен и дека ќе се работи на зголемување на борбената готовност повеќе од кога било досега.

„Ова е единствениот начин да се зачува воената неутралност и оваа болна одлука не обврзува да се потпреме само на себе и на нашата сила“, додаде Вулин.

Би можело да ве интересира

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина