ЕУ обезбеди 2,4 милиони евра помош за медиумите во Србија

Од:

Европската унија ќе им помогне на медиумите во Србија да се справат со последиците од пандемијата Ковид-19 со 2,4 милиони евра грантови во следните три години, јави Бета.

Апликантите можат да добијат поддршка од 10.000 до 150.000 евра, а просечната вредност на грантовите е помеѓу 40.000 и 60.000 евра.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Сем Фабрици, изјави дека целта на овој проект е да се ублажат последиците од пандемијата Ковид-19 што е можно повеќе и да се зајакне медиумското опкружување и да се направи понезависно и попрофесионално.

– Медиумите се погодени од двојни тешкотии – економски промени во начинот на водење бизнис и технолошка трансформација, а во исто време тие мора да ја исполнат главната цел – независно и професионално информирање, рече Фабрици.

Фокусот на ЕУ, кога станува збор за медиумите, е обезбедување амбиент за слобода на изразување, рече Фабрици, оценувајќи дека спроведувањето на принципите на медиумската стратегија, донесена на почетокот на 2020 година, ќе помогне во создавање на поповолен амбиент, што е „клучен елемент за пристапувањето во ЕУ“.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он