Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала денес го стресе округот Муш кои се наоѓа во источниот дел на Турција, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.
Според турската управа за справување со катастрофи и вонредни состојби, земјотресот бил регистриран во 11:47 часот по локално време во близина на градот Коркут.
Земјотресот бил на длабочина од 9,60 км.