Епл гради две големи парк-ветерници во Данска

Од:

Епл има намера да изгради две парк-ветерници во местото Есбјерг, во Данска, и тоа ќе бидат најголемите два такви комплекса во светот. Целта е инвестирање во обновлива енергија.

Епл соопшти дека ветерниците високи 200 метри треба да произведуваат енергија од 62 гигават-часови секоја година, што е доволно за снабдување на речиси 20.000 домови. Овие ветерни електрани ќе служат и како експериментално поле за ветерни турбини во иднина.

Електричната енергија, која ќе се произведува во Есбјерг, е наменета за центарот за податоци на Епл во Виборг во северозападна Данска. Со помош на тој центар, ќе функционираат „Еп-стор“, „Епл мјузик“, „Ај-месеџ“, „Сири“ и други услуги во Европа.

Епл минатиот месец објави дека сака да стане компанија што не користи енергија од јаглен во работата на своите центри, до 2030 година. Вложувањето во ветерни турбини треба да ѝ помогне на фирмата во тоа.

Би можело да ве интересира

Кој е крипто-бегалецот кој се крие во Србија: Контроверзен Кореец ја оштети индустријата за 40 милијарди долари

А1он

„Епл” сака да го отстрани „Твитер“ од продавницата „Ап стор”, Маск збесна

А1он

Прв случај на вработени во малопродажбата на Епл да се приклучат на синдикатот

Ана Ололовска

Апликацијата на Трамп најверојатно од утре во продавницата на Епл

Ана Ололовска

Програмери на апликации во App Store заработиле повеќе од 260 милијарди долари од 2008 година

Ана Ололовска

„Епл“ достигна пазарна капитализација од 3.000 милијарди долари

А1он