Евертон официјално го ангажираше искусниот играч за врска Алан од Наполи. „Карамелите“ ќе платат 25 милиони евра за неговите услуги. Играчот потпиша 3-годишен договор со неговиот нов клуб.
Алан призна дека главниот фактор во неговото преселување на „Гудисон Парк“ бил Карло Анчелоти.
– Многу сум среќен. Евертон е клуб со богата историја, има амбиции и тука е професорот Анчелоти. Тој направи се што е можно за да ме донесе, изјави 29-годишниот Бразилец.
Алан е во Наполи од 2015 година, откако одигра 212 натпревари за клубот. Тој го освои Купот на Италија претходно ова лето.