Сер Алекс Фергусон, тренерот на Манчестер Јунајтед, вчера соопшти дека го напушта клубот на Црвените ѓаволи после 26 години минати на неговата клупа.
Од 6 ноември 1986 година, кога го презеде тимот од Олд Трафорд, Фергусон освои 38 трофеи, вклучувајќи ја и овогодинешната титула првак на Англија. Меѓутоа, постојат и помалку познати работи за Шкотланѓанецот, за кои ретко се зборувало или пишувало.
Алекс или Алек? Додека многумина во Англија го викаат Алекс, во Шкотска е поомилено Алек.
Пред да започне да се занимава со фудбал, Фергусон работел како помошник работник во фабрика за производство на алати и бил управник на една продавница во Глазгов. Потоа отвори свое кафуле, кое се викало Фергис (Fergie`s), објави порталот кликс.ба.
Бил фасциниран од Џон Фицџералд Кенеди. Гледал повеќе од десетици касети и компакт дискови во кои е третирана смртта на овој поранешен американски претседател. Во една прилика, гостувајќи на радио Ки 103, Ферги изјави дека покрај креветот го чувал извештајот од аутопсијата на Кенеди.
Фергусон често ги возел младите играчи низ Глазгов. Меѓу нив и легендата и поранешен тренер на Ливерпул Кени Далглиш.
„Ферги често не возеше во град. Имаше голем автомобил“, изјави Далглиш.
Освен тоа, Ферги бил голем донатор на Лабуристичката партија и од време на време, го советувал некогашниот премиер Тони Блер.
Многумина мислат дека Фергусон е тренер со најдолг стаж во еден клуб. Шкотланѓанинот на клупата на Јунајтед мина 26,5 години. Меѓутоа Ги Ру го водеше францускиот Оксер цели 44 години.
Фергусон израснал во сиромашен кварт на Глазгов, каде децата вообичаено играле фудбал, се тепале и прескокнувале ѕидови. Токму во овие работи Фергусон бил вистински професионалец.
Времето на Ферги изнесува 79 секунди. Навивачите на другите англиски тимови веруваат дека судијата го продолжува натпреварот повеќе од предвиденото, доколку Јунајтед губи. Тамошните медиуми пресметале дека ова време на судиско надополнување трае 79 секунди. Токму во тој период, Јунајтед ја освои Лигата на шампиони во 1999 година, кога во судиското време го победија минхенски Баерн.
Односот на Фергусон кон играчите во одделни моменти е наречен – фен. Всушност, тоа е моментот кога ќе му се внесе на фудбалерот во лица и ќе почне да вика на него.