Цените на угостителските услуги во август годинава остана на исто ниво како во претходниот месец, а се зголемени за 0,3 отсто во споредба со ланскиот август.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0,2 отсто.
Цените на угостителските услуги за периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на истиот период од минатата година, пак, се зголемени за 0,4 отсто, додека во однос на декември 2019 година е забележано зголемување за 0,4 отсто.