По 43 години, семејството Вилијамс се повлекува од Формула 1

Од:

Семејството Вилијамс ќе стави крај на врската со тимот основан од Френк Вилијамс, по Гран при на Италија овој викенд, објави тимот од Формула 1.

Ќерката на Френк, Клер Вилијамс, која е шеф на британскиот тим од 2013 година, откри дека ќе ја напушти својата улога на заменик-шеф по продажбата на тимот на американска инвестициска фирма. Вилијамс, носител на 16 титули кај пилотите и конструкторите, беше продаден на „Dorilton Capital“ минатиот месец. Тимот е без победа на ГП од 2012 година и без бод досега оваа сезона.

„По 43 години и 739 трки, семејството ќе го напушти спортот по неодамнешната промена на сопственоста. Со оглед на фактот дека иднината на тимот сега е обезбедена, се чини дека ова е најдобро време да се повлечеме од спортот. Веруваме дека сега е вистинското време за ваков чекор и да им се даде можност на новите сопственици да го водат тимот во иднина“, рече таа.

Френк Вилијамс, 78, го основаше тимот во 1977. Вилијамс е третиот најуспешен тим во историјата на овој спорт со 114 победи и 16 светски титули, но неговиот последен триумф беше во 1997 година, кога победник беше Канаѓанецот Жsак Вилнев. Тимот беше на својот врв во 80-тите и 90-тите години на минатиот век, кога шампиони беа Алан Џонс, Кеке Розберг, Нелсон Пике, Најџел Менсел, Ален Прост, Дејмон Хил и Вилнев.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур