На последниот одложен натпревар од 33. коло од Премиер лигата одигран синоќа на „Стемфорд бриџ“ во Лондон Челзи и Тотенхем одиграа нерешено 2:2.
Домаќинот во два наврати имаше водство, но не го задржа и со тоа ја испушти шансата на две кола до крајот да обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.
Челзи поведе во 11.минута преку Оскар. На 1:1 изедначи Емануел Адебајор со прекрасен гол во 26.минута. Рамиреш во 39.минута донесе ново водство за „сините“, а конечните 2:2 ги постави Гулфи Сигурдсон на десет минути пред крајот.
Челзи остана на третото место со 69 бодови, два повеќе од четвртопласираниот Арсенал (67) и три од Тотенхем (66).
Овие три екипи конкурираат за уште две места во Лигата на шампионите (едното во квалификациите).
На првите две позиции се Манчестер Јунајтед (нов шампион) и Манчестер Сити.