А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Грчки медиуми: Грција ја повика Македонија да прифати географска одредница во името

by А1он09/05/2013 - 08:33144
Share0

Официјална Атина испрати јасна порака до Скопје на вчерашната средба меѓу министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос и заменик претседателот на македонската Влада задолжен за европски прашања  Фатмир Бесими, јавија сите грчки медиуми.

Добивај вести на вибер

„Аврамопулос: ќе прифатиме име со јасна географска одредница“ е насловот во речиси сите грчки медиуми кои заклучуваат дека решавањето на прашањето за името е услов за Македонија да ги почне пристапните преговори со ЕУ.

„Аврамопулос испрати моќна порака до Македонија по неговиот состанок со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, истакнувајќи дека добрососедските односи и решавањето на спорот за името се услови за евро-атлантскиот курс на Македонија“, коментира државната телевизија ЕРТ.

Не отстапувајќи од досегашната пракса, официјална Атина и овој пат искористи да ја нагласи нејзината „конструктивност“ истакнувајќи дека „Грција отсекогаш била мост меѓу сите нејзини соседи и Европа“ и оти „тоа се гледало во нејзиниот цврст став и играњето витална, стабилизирачка улога“.

На грчката јавност и е пренесена и констатацијата на Аврамопулос дека „фактот што постојат проблеми не значи дека не разговараме за работите“.

– Напротив: ваквите средби се особено корисни и конструктивни, бидејќи тие обликуваат, создаваат, консолидираат клима, атмосфера на доверба во нашите односи, изјави Аврамопулос потсетувајќи дека се има сретнато со Бесими кога двајцата беа министри за одбрана.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, никој во Грција во овој контекст не се праша за кои средби зборува нивниот министер, ниту некој ги спомена поканите од страна на македонскиот државен врв за средби со грчките функционери, кои останаа неодговорени или одбиени. Само пред четири месеци Аврамопулос ја одби поканата на еврокомесарот Штефан Филе за трилатерална средба со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

imeto

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен