Лондонската пресметка меѓу Челси и Тотенхем на „Стемфорд Бриџ“ заврши без победник, 2:2.
По ремито на двете екипи трката за местата кои водат во Лигата на Шампиони станува уште понеизвесна.
Во последните две рунди од Премиер лигата Челси ќе стартува со 69 бодови, Арсенал со два помалку додека петтопласиран е Тотенхем со 66 бодови.
На последниот натпревар од 36-та рунда „сините“ два пати имаа предност со головите на Оскар и Рамирез, но „петлите“ со погодоците Адебајор и Сигурдсон успеаа да се вратат во игра.