Реакција на Европската федерација на новинари(ЕФН), за нападот од ВМРО-ДПМНЕ врз Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и нарекувањето со „таканаречен синдикат кој е самостоен само во својот назив“.
Реакцијата е упатена до премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и до директорот на Центарот за комуникации Илија Димовски.
„Сметаме дека на ваквата изјава од политички лидер ѝ недостасува почит кон работата, ако не дури и кон самото постоење на синдикатите во државата, во момент кога Парламентот и граѓанските организации дискутираат за нацрт-закон што ќе ја одреди иднината на медиумскиот пејзаж. Како Европска федерација на новинарски организации, ние целосно го поддржуваме ССНМ во неговата напорна работа за права на новинарите на работното место, во правната средина и во општеството како целина. Имајќи ја лично видено работата на ССНМ и неговото раководство во Скопје, би сакал да додадам дека нивната самостојност е всушност од огромна вредност во високо политизираниот контекст на Република Македонија“, вели претседателот на ЕФН Арне Конинг, пренесува Радио Слободна Европа .
ЕФН ги поддржува медиумските реформи и дијалогот помеѓу неговите две членки – Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, ЗНМ и властите на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ жестокот реагираше на повикот на ССНМ по повод Светскиот ден на слободата на печат – 3 мај, да ги затемнат 24 часа своите страници во знак на протест поради новиот закон за медиуми кој ќе значи цензура и мрак за слободниот збор.