Нефи Усеини и брат му остануваат во притвор, поништена гаранцијата од 30.000 евра

Од:

Советникот од ДУИ во Советот на Општина Охрид, Нефи Усеини, и неговиот брат остануваат во притвор, откако Апелациониот суд во Битола го поништи решението на охридскиот суд за прифаќање на гаранцијата од 30.000 евра за да се бранат од слобода.

„Решението со кое му беше прифатена гаранцијата е укинато и предметот повторно е вратен на одлучување во Охрид“, кусо велат за „А1он“ извори од битолскиот Апелационен суд, каде Обвинителството се жалеше откако судот во Охрид му ја прифати гаранцијата.

Притворот од осум дена на браќата Усеини истекува в четврток. Тие шест дена беа недостапни за полицијата, а беа притворени на 26 август, откако самите се пријавија. Против нив се води истрага за насилство и за недозволено држење оружје, откако охриѓанецот Спирко Топалоски пријави дека го нападнале, а во нападот полицијата утврди дека користеле и пиштол.

Би можело да ве интересира

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак

Поднесено обвинение за Нефи Усеини за дивоградба во центарот на Охрид

ОЈО: 22-годишник од Тетово е осомничен дека поседувал марихуана, одреден му е 30 дневен притвор

Тетовец во станот на својата девојка криел таблети за стимуланс на централниот нервен систем

Притвор за тројца активисти кои се уапсени после вчерашните протести во Белград

Горан Наумовски

30 дена притвор за момчето кое усмрти професионален војник на АРМ