Aлекс Фергусон ќе се пензионира на крајот од годинешново првенство

Од:

Тренерот и менаџерот на новиот англиски фудбалски шампион „Манчестер Јунајтед“, Алекс Фергусон (71) денеска најави дека ќе се пензионира на крајот од годинешново првенство.

Овој поранешен шкотски фудбалер и долгогодишен тренер цели 26 години непрекинато  беше на кормилото на „Манчестер Јунајтед“, најтрофејниот тим во англискиот фудбал.

– За своето пензионирање размилсував подолго време и мислам дека ова е вистинскиот момент, изјави Фергусон, по соопштувањето на решението за повлекување од раководењето на клубот.

Со „Манчестер Јунајтед“ Фергисон освои 38 трофеи, меѓу кои 13 шампионски титули во Премиер лигата, две европски круни во Лигата на шампионите, пет ФА купови и четири трофеи во Лига купот на Англија. Оваа година популарните „Црвени ѓаволи„ убедливо и уште пред завршувањето на шампионатот станаа прваци на Англија, но отпаднаа од ФА и Лига купот, а не се прославија ни во Лигата на шампионите, иако на почетокот на сезоната најавија атакување на сите четири трофеи.

Сепак, по пензионирањето Фергусон нема целосно да замине од фудбалот, бидејќи ќе остане директор на „Манчестер Јунајтед“ и „фудбалски амбасадор“.

Како главен фаворит за негов наследник се посочува Жозе Мурињо, актуелен тренер на „Реал Мадрид“, од каде заминува на крајот на шпанското првенство. Покрај Мурињо, како можни идни менаџери на „Манчесетр Јунајтед“, англиските медиуми ги споменуваат и Дејвид Мојс, сегашен тренер на „Евертон“, како и стратегот на „Борусија Дортмунд“, Јирген Клоп.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска