Индексот на њујоршката берза Дау Џонс, клучен показател на деловните активности во САД, се зголеми за 87,31 поен (о,58 отсто) и го достигна историскиот максумум од 15.056,20 поени, завршувајќи го прв пат трговскиот ден над психолошката граница од 15 илјади поени.
Индексот Стандард енд Пурс 500, кој ги опфаќа 500-те најголеми компании на американскиот пазар, се зголеми за 8,46 поени (0,52 отсто) на 1.625,96 поени, со што го обнови рекордот.
Индексот на електронската берза Насдак е зголемен за 3,66 поени (0,11 отсто), на вредност од 3.396,63 поени.
Растот на главните индекси на њујоршката берза беше поттикнат од позитивните тримесечни извештаи на американските компании и позитивните вести од Германија и Австралија.
Во целина, според изјавите на експертите, околу 70 отсто од американските корпорации пријавија нешто подобри резултати од очекуваните.