Макрон: Потребна е подобра координација на европските граници

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска апелираше до европските соседи на Франција подобро да ги координираат ограничувањата на границите затоа што коронавирусот повторно брзо се шири.

Поради предвидувањата дека Франција би можела да стане новото жариште на епидемијата, Макрон ја бранеше одлуката на Владата во Париз за брзо рестартирање на економијата.

– Франција мора да научи како да живее со вирусот, како да ја опорави економијата, да финансира социјална помош како што се привремени бенефиции за невработените и како да ги едуцира своите деца во вонредни услови, рече францускиот претседател.

Од денеска во Париз е задолжително носењето заштитни маски на сите јавни места, а градските власти дури предупредуваа дека не е дозволено да се отстрани маската поради пушење или земање храна на јавни места.

Велика Британија, Германија и Белгија воведоа нови забрани за патниците кои пристигнуваат од Франција, па затоа Макрон повика на подобра европска координација и изјави дека „е бесмислено да се затвораат границите, особено поради милиони работници кои патуваат во рамките на ЕУ за да работат“.

Макрон вети дека ќе инвестира 15 милијарди евра во државни проекти со цел создавање нови работни места и враќање на производството во Франција.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата