Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски оствари работна посета на РЕК Осломеј, Кичево и ја посети локацијата на која треба да биде изградена фотоволтаичната централа, прва во сопственост на АД ЕСМ.
Како што соопшти АД ЕСМ, подготвителните работи за изградба на фотоволтаикот се во тек и полека пристигнуваат потребните материјали.
– Реализацијата на овoј исклучително значаен проект за Државните електрани продолжува и покрај предизвиците што ги наметна пандемијата со Ковид-19 и политичките случувања во земјата, се наведува во соопштението.
Според развојната стратегија на АД ЕСМ, на површини во рудникот на РЕК Осломеј предвидена е изградба на две фотоволтаични централи.
Ист таков капацитет од обновливи извори на енергија ќе се гради и во РЕК Битола.