Пораст на трошоците на живот

Од:

Трошоците на живот мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во април годинава во однос на претходниот месец бележат пораст за 1,3 отсто, а во однос на април лани пораст од 3,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во април 2013, во однос на март 2013, пораст на индексите е забележан во групите Храна и безалкохолни пијалаци за 3,1 отсто, Алкохолни пијалаци, тутун за 2,5 отсто, Комуникации за 1,9 отсто, Рекреација и култура за 0,6 оттсо и Здравје за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во групите Транспорт за 1 отсто, Облека и обувки и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 отсто.

На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина, Образование, Ресторани и хотели и Останати стоки и услуги.

Би можело да ве интересира

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски

Жител на Тработивиште бара работа и помош да обезбеди пари за лекување на сопругата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Маж ми е инвалид со мозочен удар, извршителот ни ги зема парите што ни се за лекови

Габриела Димковиќ-Мишевска

Студија: Емоционалниот живот кај младите во земјава на многу ниско ниво

ВИДЕО: Жителите на Долно Количани во буриња носат вода за пиење од соседните села

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Жителите на Јака: „Елитната населба“ е целата во кал, во потполн мрак, без јавен превоз

Ана Ололовска