Србија нема да се меша политички во изборниот циклус во Црна Гора на кој било начин, но ние секогаш ќе го поддржуваме нашиот народ, изјави денес претседателот Александар Вучиќ, по средбата со претседателот на Република Српска (БиХ) Милорад Додик.
Вучиќ изјави дека изборите во недела во Црна Гора се важни за српскиот народ, но дека за Србија е најважен пописот кој ќе се спроведе во земјата идната година.
Тој додаде дека со Додик разговарале за севкупниот интерес на српскиот народ, каде и да живеат Србите и додаде дека значаен дел живее и во Црна Гора.
– Ние сакаме да не се изгуби идентитетот на српскиот народ, да се зачува истиот и со ништо да не се загрозат правата на црногорската држава, чувајќи го единството кое го имаме со нашиот народ и во република Српска и во Црна Гора, изјави Вучиќ.