Чанак: Опозицијата и СПЦ подготвуваат инциденти во Црна Гора на изборите

Од:

Претседателот на Лигата на социјалдемократите на Војводина, Ненад Чанак изјави дека на изборите во Црна Гора во недела се брани европската идеја на Балканот и оцени дека „просрпската и проруската“ опозиција во Црна Гора подготвува инциденти во таа земја во случај да биде поразена на изборите, јави дописникот на МИА од Белград.

– Црна Гора мора да остане светилник на прозападната и проевропска мисла. Таквата Црна Гора не одговара на интересите на Кремљ, односно на политичката елита што сега ја води Русија, па се плашам дека ќе се соочиме со инциденти ноќта помеѓу недела и понеделникот. Такво сценарио веќе го најавуваат големосрпските и проруските настроени опозициски сили во Црна Гора, изјави Чанак за Дневне новине од Подгорица.

Тој додаде дека не се сомнева во победата на проевропските и про-НАТО сили во Црна Гора.

Чанак оцени дека протестните литии кои во Црна Гора ги организира Српската православна црква (С ПЦ), наводно затоа што не е задоволна од Законот за слобода на религија во таа земја, всушност се политички митинзи.

– Од почетокот, литиите беа политичко движење за укинување на Црна Гора како независна држава, да се сведе на приврзок на политиката на Белград или Кремљ, што на крајот е сеедно. Сето тоа на што се работи интензивно, треба да заврши со укинување, не само на Црна Гора како држава, туку и на правото на чувство за припадност на Црна Гора и на етничката припадност кон црногорскиот народ. Ова е сега сосема јасно, изјави Чанак.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор