Димовски: ВМРО-ДПМНЕ не треба да предложи кандидат за потпретседател на Собранието

Од:

ВМРО-ДПМНЕ не треба да предложи свој кандидт за потпретседател на Собранието, напиша на својот ФБ профил поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

– Доколку сме сериозна партија кој има намера да опстои на своите принципиелни критики, ВМРО – ДПМНЕ во знак на прифаќање на критиката од јавноста за непотребно големиот број потпретседатели, сама треба да се откаже од тоа место кое и следува, е пораката упатена преку ФБ од Димовски до неговата партија.

Дополнително, смета Димовски, ВМРО – ДПМНЕ треба да ги повика сите партии кои, како што пишува, си направиле пазар за овие функции да го сторат истото.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on