(ВИДЕО) Ангелов: Да се обештетат семејствата на бранителите, Љубе Бошкоски да биде амнестиран

Од:

Го потсетуваме МВР дека има уште 10 семејства на бранители кои не се обештетни, а претседателот Иванов го потсетуваме да се изјасни за помилувањето на Љубе Бошкоски. Оваа порака ја упати лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов при полагањето на цвеќе пред споменикот на Бранителите на Денот на полицијата.

-Ја потсетуваме Гордана Јанкуловска дека за жал има уште 10 семејства на припадници на бранители кои не се обештетени. Со вкупно 500 илјади евра владата може да го реши овој проблем. Не е праведно сите да се обештетни, а десет семејства да немаат земено ниту денар, рече Ангелов.

Тој го потсети и претседателот Иванов да се изјасни за иницијативата за помилување на Љубе Бошкоски.

-На овој голем ден на македонската полиција го повикуваме претседателот Иванов и го потсетуваме за помилување на Љубе Бошкоски кој во крвавата 2001 година беше токму министер на македонската полиција.

-Од претседателот очекуваме позитивен сигнал за Љубе, може да биде амнестиран за едното дело . Љубе невин лежеше 4 години во Хаг, рече Ангелов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска

Стојков за апсењето на Љубе: Не се сеќавам што сум кажал во СЈО, сведочев од 1 до 8

Ана Ололовска