То Вима за средбата Аврамопулос-Бесими: Се бараат соговорници во Скопје

Од:

Грчкиот весник „То Вима“ утрешната средба на шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос со заменик претседателот на македонската Влада задолжен за eвропски прашања Фатмир Бесими ја става во контекст на, како што се наведува, „барањето од страна на Атина канали за комуникација во Скопје во обид да се олесни решавањето на ќор-сокакот околу прашањето за името, и покрај непопустливоста на премиерот Никола Груевски“.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, во написот под наслов „Се бараат соговорници во Скопје“, весникот пишува дека Бесими е од албанската партија ДУИ, која е дел од Владата на Груевски, оти се смета за умерен политичар, и потсетува дека тој веќе се има сретнато со Аврамопулос во времето кога двајцата функционери беа министри за одбрана.

Коментирајќи ја утрешната средба Аврамопулос-Бесими, висок дипломатски извор за „То Вима“ изјавил: „разговараме со секој што сака да соработува“.

Весникот наведува дека „Албанците во Македонија жестоко ја поддржуваат евро-атлантската перспектива на Скопје и Атина понудила експертиза за некои прашања во согласност со договорот меѓу претходникот на Бесими, Теута Арифи со поранешниот грчки вицепремиер Теодорос Пангалос. Досега имало и две средби на технократско ниво меѓу двете страни“.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски