Бугарски државјанин уапсен за криумчарење на 2 000 кутии цигари

Од:

Бугарски државјанин вчера бил приведен во Струмица поради криумчарење на цигари.

Од МВР информираат дека на 24 август во 20.00 часот во Полициската станица Струмица, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик, бил приведен бугарскиот државјанин 45-годишниот Г.С.К..

На магистралниот пат во близина на село Сушица, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица извршиле преглед на товарно возило „волво“, кое го управувал Г.С.К., при што пронашле и одзеле 2000 кутии цигари.

За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Турчин со македонско возило шверцувал мигранти од Грција

Косовската полиција заплени шверцувана стока од Македонија вредна 120.000 евра

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на нафта од македонска на албанска територија

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

Државјанин на Србија во чанта криел 170.000 евра