Фудбалерот од средниот ред Филипе Кутињо има повеќе опции за избор на клуб во кој ќе ја продолжи кариерата. Според „Дејли мејл“, Арсенал е заинтересиран да го позајми бразилскиот интернационалец.
Правата на фудбалерот ги поседува Барселона, која минатата сезона го даде Кутињо на позајмица во Баерн Минхен.
По вчерашното финале во Лигата на шампионите, во кое Баерн го победи ПСЖ (1:0), се дозна дека Кутињо се враќа во Барса.
Кутињо веќе има искуство во Англија – од 2013 до 2018 година кога ги бранеше боите на Ливерпул, по што се пресели во Барселона за 106 милиони фунти.
Во сезоната 2019/20, Кутињо оствари 37 настапи за Баерн, постигна 11 голови и имаше девет асистенции.