Полицајци барале жител на Ваксинце за издржување казна затвор, откриле 44 мигранти во неговиот дом

Од:

Вчера околу 7 часот наутро, полицајци од одделението Матејче презеле мерки за пронаоѓање на лице со иницијали Ф.Ќ. во неговиот дом во кумановското село Ваксинце, бидејќи имало распишано потерница за негово апсење за издржување казна затвор.

Ваксинчанецот не бил пронајден дома, но во помошните простории во неговиот дом, при преглед биле пронајдени 44 лица мигранти (25 од Пакистан, 14 од Авганистан, три од Бангладеш и две од Сомалија). 16 од пронајдените мигранти се малолетни лица, соопшти полицијата.

Бил извршен увид и за настанот бил известен и јавен обвинител, по чија наредба мигрантите се пренесени во Транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската