Манчестер сити може да се здобијат со напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, пренесува „The Sun“.
Главниот тренер на граѓаните, Јосеп Гвардиола, го гледа 22-годишниот Аргентинец како замена на Серхио Агуеро.
Барселона е исто така заинтересирана за фудбалерот, но Манчестер сити е подготвен да даде поголема понуда и да плати 84 милиони фунти за играчот.
Во сезоната 2019/20, Лаутаро Мартинез одигра 49 натпревари, постигна 21 гол и направи седум асистенции.