Нишикори повторно позитивен на тестот за коронавирус

Од:

Кеи Нишикори има се помалку и помалку шанси за настап на претстојниот УС Опен, бидејќи тој беше позитивен и на вториот тест за коронавирус.

Искусниот јапонски тенисер, кој го играше финалето на терените во Њујорк во 2014 година, кога загуби од Марин Чилиќ, претходно мораше да се повлече од Мастерсот во Синсинати.

Тој се надеваше дека ќе може да игра на Гренд-слем турнирот, но шансите се намалуваат, па веројатно ќе мора да се повлече и од тоа натпреварување.

– Само малку информации, добив резултат на уште еден ковид тест, сè уште сум позитивен. Имам мали симптоми, останувам во целосна изолација на Флорида. следниот тест е на почетокот на следната недела, тогаш ќе имам повеќе нови информации, рече јапонскиот тенисер.

Покрај финалето во 2014 година, тој успеа да стигне до полуфиналето уште двапати, во 2016 и 2018 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Конечно го освоив овој прекрасен трофеј – Сабаленка во солзи по победата на УС Опен

Горан Наумовски

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Се активираше аларм на УС Опен: Сите натпревари беа прекинати

Медведев во осминафиналето на УС Опен