Конференција на НАТО во Сплит

Од:

Во хрватскиот приморски град Сплит денеска започна дводневна Конференција на НАТО, на која зад затворени врати дискутираат претставници на земјите-членки на Алијансата, како и делегации на ОН, ЕУ и ОБСЕ.

Главни теми на Конференцијата се борбата против тероризмот и ширењето на оржујато за масовно уништување, како и придонесот на НАТО во контролата на вооружувањето.

Во уводниот говор на собирот, хрватскиот заменик-министер за надворешни работи Јошко Клисовиќ нагласи дека Хрватска ја споеделува загриженоста на меѓународната заедница поради контроверзната иранска нуклеарна програма.

– Ги поддржуваме иницијативите кои имаат за цел да ја убедат Северна Кореја да се откаже од провокативни акции, а во исто време сме загрижени и поради можноста за напади со хемиско оружје врз цивилното население во Сирија, нагласи Клисовиќ.

Според него, човештвото денес живее во време кога има многу поразорни атомски бомби од оние што беа фрлени во Хирошима и Нагасаки, кои можат да бидат лансирани без контрола.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО