Во Гостивар протестна колона од автомобили против поскапувањето на струјата

Од:

Група гостиварци вечерва протестираа движејќи се во колона по магистралниот пат Гостивар – Кичево. Двесетината возила тргнаа од наплатната станица на автопатот „Мајка Тереза“ и возеа до семафорот кај крстосницата за Кичево и селото Здуње. За време на протестот, сообраќајот по оваа делница, долга два километра, се одвиваше забавено и полицијата го регулираше минувањето на останатите возила.

Пред тргнувањето, протестантите искажаа незадоволство од одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за зголемувањето на цената на електричната енергија за 7,4 проценти.

Целта на протестот, како што рекоа, е да се истакнат барањата: да се повлече одлуката за зголемување на цената на електричната енергија, да се намали цената до 20 проценти, да се укине монополот на услугите на ЕВН, да се распушти Регулаторната комисија за енергетика и да се создаде независен арбитражен трибунал во служба на граѓаните кој ќе го проверува квалитетот на услугите од областа на енергетиката. Тие побараа и намалување на ДДВ-то за струјата и укинување на ставката за електрична моќност од 33 проценти.

Протестот траеше околу половина час и помина без инциденти и под надзор на полицијата.

Би можело да ве интересира

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар

Ваљбон Лимани повторно e кандидат за градоначалник на Гостивар

Протест против странските работници во Риека: Дојдоа 20 луѓе

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час