Галетановски со опомена пред тужба за Попова откако го поврза со директорот на „Улици и Патишта“ и кокаинот

Од:

Тужба за нарушен углед и изнесени лаги и клевети најави в.д директорот на Зоолошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски, доколку во следните 24 часа не добие јавно извинување и повлекување на изјавата од страна на советничката во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Попова.

– Барам јавно извинување и повлекување на изјавата од советничката Ирена Попова која изнесе невистини за мене. Ниту сум бил таму, ниту ме претресле, ниту пак МВР нешто крие. Со оваа опомена пред тужба, сакам да помогнам во борбата против лажни вести и клевети кои одредени поединци ги шират за институции, граѓани и одговорни лица, вели Галетановски.

Во соопштение до медиумите Галетановски информира, дека во изјавата дадена на 18.08.2020 година, советничката Попова ги изнесува следните невистинити факти:

„Дали во присуство на директорот на ЈП „Улици и Патишта“ бил и директорот на скопската зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски Чомбе? Каква е улогата на Чомбе и дали и тој бил претресен за поседување дрога? Што уште треба да се случи Шилегов да поднесе оставка, кога двајца негови директори се вмешани во огромен скандал? Дали е вршено притисок врз полицијата да се преиначи делото од продажба на наркотици во поседување наркотици за лична употреба? Дали МВР се замолчува под налетот на партиските јурушници на Заев? Зошто институциите се ставаат во заштита на криминалци, но и зошто се ставаат во раце на криминалци?“

Со вака изнесените лаги пред целокупната македонската јавност, покрај тоа што советничката Ирена Попова директно нападна државна институција надлежна за безбедноста на граѓаните, исто така нанесе навреда и клевета, како и ненадоместлива штета на честа и угледот на в.д. директорот на ЈУ Зоолошка градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски, се вели во соопштението до медиумите.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски