Американската амбасадорка Брнз: Од новата влада очекувам продолжување на соработката на евроатлантскиот пат

Од:

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз очекува да продолжи соработката со новата влада штом ќе биде формирана во однос на евроатлантскиот пат на земјата, како и справување со пандемијата од Ковид 19, која претставува глобален предизвик.

-Партнерството меѓу САД и Северна Македонија е исклучително важно и исклучително силно и ние се радуваме на соработката со следната влада што треба да се формира. Да продолжиме со важната агенда која ја имаме за евроатлантска интеграција и силна соработка  меѓу двете земји, како и во борбата против пандемијата која претставува глобален предизвик, изјави Брнз, одговарајќи на прашање за очекувањата од новата влада, што треба да се формира согласно постигнатиот договор на СДСМ и ДУИ.

Амбасадорката Брнз изјавата ја даде по посетата на лабораториите на Институтот за јавно здравје каде беше придржувана од министерот за здравство, Венко Филипче.

Реновирањето на лабораториите е овозможено со проект на Европската команда на армијата на САД, вреден 550.000  долари.

Би можело да ве интересира

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени