51-годишен крушевчанец уапсен за грабежот во Уни банка во градот

Од:

Полицијата соопшти дека 51-годишен жител на Крушево е уапсен денеска откако било утврдено дека тој е одговорен за грабежот на експозитура на Уни банка во градот што се случи вчера.

Како што претходно извести МВР, маскирано лице, со закана со пиштол, одзело пари од вработени во банката во Крушево. Случајот вчера во 16:25 часот во Полициска станица Крушево го пријавил П.Т. (36).

– По наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп извршен е претрес во дом и помошни простории кои ги користи Т.С.(51) од Крушево, а тој бил приведен во полициска станица во врска со случајот, соопшти МВР.

Во моментот на влегувањето на ограбувачот, во експозитурата имало тројца вработени, кои под закана го отвориле банкарскиот сеф. Откако ги зел парите од сефот, ги затворил вработените во една просторија од банката и избегал. Ниту од банката, ниту од МВР не информираа за точната сума пари што ги однел крадецот.

Би можело да ве интересира

Ќе лежи пет години затвор за кражба на 130 марки од обложувалница во БиХ

А1он

Одобрена апликација на УНИБанка за шемата СЕПА кредитен трансфер од страна на Европскиот совет за плаќања

УНИБанка ја редефинира иднината на трансферите на средства со Visa+

А1он

Полицијата трага по 22-годишен разбојник кој ограби фризерски салон во Битола

„UNIBANK INVITATIONAL 2025“ – Повеќе од турнир, јубилејна прослава на лојалноста и спортот

А1он

Од менувачница го следеа до дома, го удрија, па го ограбија – кривична за двајца кумановци

А1он