Слободан Попов од Скопје на возраст од 38 години има напредна фаза на канцер на колк, а за спас на неговиот живот, дадени се препораки за радикална операција, односно ампутација на целата негова нога. Тој и неговото семејство одлучиле лекувањето да се спроведе во Солун, со помош на интегративна онкологија, која го третира проблемот како спој од повеќе познати и научно докажани методи за лекување.
Со терапијата поголем дел од депозитот е уништен и е доведен во ситуација да биде отстранет со операција, а со неа ќе биде комплетно променет постоечкиот имплант (вештачки колк и бутна коска), кој претходно бил неуспешно вграден при операција во Скопје. Операцијата чини околу 50.000 евра, кои Слободан и неговото семејство не можат да ги обезбедат. За таа цел веќе неколку недели се отворени телефонски броеви и сметки на кои хумани луѓе донираат пари со цел Слободан Попов да оди на операција во Солун, а неопходни се уште уште малку финансиски средства.
Донациите можат да се извршат на следниве броеви и сметки:
Број за донација
A1 (VIP) 143-463
Телеком 143-103
Сметка за донација:
Донација од Македонија: Трансакциска сметка 200003505609092 Стопанска Банка АД Скопје
Донација од странство во евра: Стопанска Банка АД Скопје, 11 Октомври бр. 7, Бранч Скопје
IBAN CODE: MK 07200003505611129EUR SWIFT CODE: STOBMK2X Цел на дознака: Донација за Слободан Попов