Командантот на вооружените сили на Холандија, адмирал Бауер во тридневна посета на Македонија

Од:

Командантот на вооружените сили на Кралството Холандија, адмиралот Роберт Бауер денеска ја започнува тридневната службена посета на Северна Македонија.

Во рамки на посетата, соопштија од Амбасата на Холандија во нашата држава, тој ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и неговиот колега генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Една од темите за дискусија, како што е најавено, ќе биде натамошното унапредување, во контекст на НАТО, на успешната соработка во областа на одбраната која посоти меѓу двете држави од 1997 година.

Посетата на командантот на вооружените сили на Холандија, адмиралот Роберт Бауер, стои во соопштението, воедно претставува и одбележување на членството на Република Северна Македонија во НАТО.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време