Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл може да ја продолжи кариера во Англија, пренесува „Ел Еспанол“.
Според шпанскиот портал, Тотенхем е заинтересиран за 31-годишниот Велшанец. Тренерот на „Спарс“ Жозе Мурињо, сака во неговиот тим да го види Бејл кога го има тренирано во мадридскиот клуб.
Во сезоната 2019/20, Бејл одигра 20 натпревари на сите турнири, во кои постигна три гола и направи две асистенции.