Либискиот парламент усвои денеска закон со кој ќе биде забрането на сите кои биле на високи државни функции за време на режимот на Моамер Гадафи, да работат во новата влада, што значи дека премиерот можеби ќе мора да поднесе оставка.
Премиерот Али Зеидан беше дипломат пред да и се придружи на опозицијата, но во новиот закон не пишува дали функцијата што ја извршувал била доволно висока за да му биде забрането да биде во новата влада.
Иако не е јасно дали новиот закон се однесува на премиерот, претседателот на парламентот Мохамед Магариеф кој е поранешен амбасадор ќе мора да се повлече иако живеел во егзил од 80-те години кога стана истакната личност на најстарата либиска опозициска организација. Членови на Конгресот велат дека законот веројатно ќе се однесува на околу 40 од вкупно 200 пратеници во парламентот.