Пандемијата ја предизвикува најголемата економска криза во историјата на Хрватска, сметаат монетарните власти

Од:

Пандемијата на коронавирусот ја втурна Хрватска во веројатно најдлабоката економска криза од осамостојувањето и закрепнувањето нема да биде ниту брзо ниту лесно. Ова произлегува од проценките на експертите од Хрватската народна банка (ХНБ), кои го анализираа влијанието на кризата врз хрватската економија во новиот број на публикацијата Финансиска стабилност.

Според нивните проценки, Хрватска годинава очекува пад на бруто-домашниот производ (БДП) од 9,7 проценти, што ќе биде, како што посочуваат, најголемото намалување на економската активност од независноста на Хрватска, пренесува порталот „Индекс“.

Како што е наведено, силен удар ќе претрпат извозот на стоки и туризмот, инвестициите на компании и потрошувачка на домаќинства, како и пазарот на трудот.

„Пандемијата на коронавирус ќе го запре петгодишниот период на континуирана експанзија во која домашната економија растеше со просечна реална стапка од 2,9 проценти, што, исто така, беше забележано во 2019 година“, предупредува публикацијата на Хрватската централна банка.

Корона-кризата веќе ги уништи хрватските јавни финансии. Последиците од кризата ќе бидат пад на државните финансии во минус, така што ХНБ очекува дека Хрватска годинава ќе има буџетски дефицит од 6,8 проценти од БДП. За споредба, лани суфицитот во буџетот беше 0,4 проценти од БДП.

Јавниот долг ќе има значителен раст и годинава, со кој ќе се финансира буџетскиот дефицит, така што износот на државниот долг би можел да достигне 86,7 проценти од БДП до крајот на годинава, предвидува ХНБ. Потсетува дека јавниот долг лани изнесувал 73,2 проценти од БДП.

Кога станува збор за остатокот од годината, и во Хрватска сè ќе зависи и од состојбата со коронавирусот и од тоа дали ќе се најде лек или вакцина.

ХНБ предупредува дека евентуалниот нов бран на епидемија во вториот дел од годината веројатно ќе доведе до воведување нови мерки за ограничување на бизнисот, иако тие најверојатно би биле поблаги од оние воведени минатата пролет.

Тие, исто така, предупредуваат дека продолжувањето на отежнатото движење преку границите негативно ќе влијае на економските трендови во Хрватска.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ