Гувернерката на Народна банка примила заканувачки пораки на Фејсбук, испраќачот е фатен

Од:

Гувернерката на Народната банка, Анета Ангеловска-Бежоска примила заканувачки пораки на Фејсбук од непознато лице и случајот го пријавила во полиција.

Пораките биле поврзани со пропаѓањето на Еуростандард банката, а содржеле и закани по нејзиниот живот.

Случајот го презела Единицата за насилен криминал и во текот на денот, испраќачот бил пронајден, со него бил извршен разговор во полициска станица и против него ќе има соодветен поднесок.

„На 17.08.2020 А.А.Б. од Скопје пријавила дека околу 18.50 часот, во електронското сандаче од нејзиниот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ примила порака со заканувачка содржина од „Фејсбук“ профил на лице кое не го познава лично и не е во нејзината група на пријатели“, стои во денешниот полициски билтен.

Бежоска пред неколку дена соопшти дека Народната банка ја одзема дозволата за работа на Еуростандард банка – Скопје поради неисполнување минимални законски услови за работење.

Би можело да ве интересира

Комитет за финансиска стабилност: Финансиската стабилност е задржана

Раст и на депозитите и на кредитирањето, граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбените кредити

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Состанок со Одделот за статистика на ММФ: Народната банка бележи континуиран прогрес во областа на статистиката

Средби со ММФ: Народната банка придонесува за успешно одржување на макроекономската стабилност

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка