Публиката заборави на маските и дистанцата во Охрид додека следеше концерт на брод

Од:

Публика од стотина луѓе, вечерва од неколку бродови и едрилици во Охридското Езеро го проследи концертот на охридскиот бенд „Камелеон“.

Организаторите најавија дека концертот ќе се одржи согласно сите важечки протоколи за одржување на јавни настани, но сепак, како што може да се види од фотографиие, публиката не го одржува препорачаното растојание, а и речиси едвај може да се види некој што носи заштитна маска, а таа да не е симната под брадата.

Граѓаните коментираат дека се збунети од постојаното менување на правилата против ширењето на Ковид-19 и повеќе не знаат дали постапуваат правилно или погрешно кога присуствуваат на ваквите настани.

Членовите на охрискиот бенд Камелеон слават 20 години од постоењето на бендот.

Тие настанот го најавија како „концерт на вода“.

Охрид ова лето е преполн со домашни туристи, кои поради мерките против Ковид-19 немаат многу избор за патување во странство.

Би можело да ве интересира

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски