Хоризонт Турново ќе остане на лидерската позиција на табелата во Првата македонска фудбалска лига и по одигрувањето на натпреварите од 28.круг, откако попладнево на гостувањето кај Ренова забележа победа со 2:0.
Гостински победи постигнаа и Работнички против Напредок исто така со 2:0, како и Брегалница против Силекс која до трите бода дојде со победата од 1:0.
Единствениот успех на домаше терен на денешните натпревари го постигна Дрита која го совлада Пелистер со 2:0.
Колото ќе биде комплетирано во вторник со натпреварите Шкендија – Металург и Тетекс – Вардар.
Табела: Хоризонт Турново 56 бодови, Вардар 52, Металург 51, Работнички 43, Шкендија 42, Ренова 38, Брегалница 37, Напредок 37, Пелистер 30, Дрита 30, Тетекс 21 и Силекс 19.