Пендаровски -Бежоска: Побрзо да се обесштетат депонентите од „Еуростандард банка“

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, за актуелните случувања во банкарскиот сектор во земјава.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска го информираше претседателот Пендаровски за причините за укинување на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД и за активностите кои координирано и интензивно се преземаат за обесштетувањето на депонентите да започне во законските рокови, но и порано од тоа. Соговорниците истакнаа дека е важно да се вложи максимум за поскоро отпочнување на исплатата на обесштетувањето на граѓаните од страна на Фондот за осигурување на депозити, и пред законски предвидениот рок од 20 дена.

Претседателот истакна дека е потребно сите надлежни институции да вложат максимални напори за решенија со кои ќе се овозможи обесштетувањето во корист на депонентите. Исто така тој изрази очекување дека банкарскиот систем и понатаму ќе биде стабилен.

На средбата, претседателот Пендаровски истакна дека е особено важно Народната банка и натаму да продолжи со успешно остварување на своите законски цели и задачи, давајќи клучен влог за успешна монетарна политика, за финансиската и макроекономската стабилност на земјава.

Би можело да ве интересира

Кој мешетари, а кој озборува – Пендаровски и Фрчкоски се скараа за СДСМ

Катерина Ѓуровски

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД

Николовски: Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со гувернерката Ангеловска-Бежоска: Се очекува ценовна и финасиска стабилност

А1он

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи