Демонстрантите до Борисов: Само купуваш време

Од:

Организаторите на антивладините протести во Бугарија, на својот „Фејсбук“ профил напишаа дека изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов е уште еден обид да се добие на време и да се создаде страв во државата.

Тие, за бугарскиот парламент рекоа дека е неуспешен и корумпиран од олигархиската власт предводена од бугарскиот премиер.

„Ова ќе и овозможи на мафијата да создаде свој Уставен закон, подготвен од нејзиното Национално собрание за да му се даде време до јануари да остане на функцијата. Во таканаречениот предлог не слушнавме подготвеност да го извадиме Обвинителството од судскиот систем, ниту за машинско и електронско далечинско гласање. Во пракса, ниту едно од барањата на демонстрантите не е исполнето“, напишаа организаторите Велислав Минеков, Николај Хаџигенов и Арман Бабикјан.

Борисов во денешното вонредно обраќање до нацијата најави дека неговата парија – ГЕРБ ќе побара итна седница на Големото народно собрание, на која би бил донесен новиот Устав и би биле распишани нови парламентарни избори.

Веднаш по нивното распишување, тој најави дека ќе поднесе оставка од премиерското место.

Тој наведе дека ќе побара намалување на бројот на пратениците од 240 на 120, додека во Големото народно собрание бројот на претставници да биде намален од 400 на 280.

Борисов предлага и укинување на Вишиот судски совет и создавање на Судски совет на судии и Судски совет на обвинители, мандатите на судиите во сите бугарски судови да траат во период од пет години, јавниот обвинител да биде сослушуван на секои шест месеци од Народното собрание.

Премиерот оцени дека со тоа ќе се зајакне довербата во судскиот систем.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Цицвариќ најави голтање солзавец и враќање на ДОС

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад