Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за граѓаните на Македонија.
Според Мугоша, кој веста ја соопшти во утринска програма на телевизија, потегот на здравствените власти доаѓа под притисок на стопанството и на туристичкиот сектор во земјата, кој трпи големи загуби поради пандемијата и затворените граници.
„Црна Гора ќе ги отвори своите граници со Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и западноевропските земји од утре“, објави Мугоса, пренесува Cdm.me, додавајќи дека епидемиолошката состојба со коронавирусот се подобрува во овие земји.
Тој рече дека денеска ќе се одржи електронска седница на Националното координативно тело, на која ќе бидат дефинирани начините за влез во Црна Гора од споменатите земји.
Според него, било решено да се отворат границите со овие земји на барање на туристичката заедница.