Маскирани напаѓачи убиле жител на Инџиково пред очите на неговата сопруга

Од:

Жител на скопското село Инџиково ноќеска е убиен во својот дом од страна на две маскирани лица, пред очите на сопругата, соопшти МВР.

Според првичните сознанија, убиството се случило околу полноќ, кога две лица со маски на главата вооружени влегле во домот на 49-годишен жител на Инџиково, му барале пари, а потоа го застрелале во дворот од семејната куќа.

Лицата потоа избегале, соопшти полицијата.

„На 13.08.2020 во 23.06 часот во СВР Скопје, М.Н. пријавила дека двор од куќа во с.Инџиково, скопско, при расправија на две лица со нејзиниот сопруг И.А.(49), едното од нив со пиштол пукало во него. Според пријавеното, двете лица побарале пари од И.А., но кога им кажал дека нема пари, едното лице пукало кон него. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот,“ се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Француски турист убиен во Ксамил поради наводна кавга за девојка

Убиен е високорангиран член на Шкаљарскиот клан во Црна Гора

А1он

Иран: Америка ќе плати за убиството на дете и брачна двојка

Поранешна британска министерка е убиена со 21 удар со чекан во глава

А1он

Ја уби партнерката, па ја преплива реката Драва – го фатија близу местото на злосторството

А1он

30-дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски

Горан Наумовски