ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите и комуникацијата со Пендаровски

Од:

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита политиките во однос на неговиот кабинет. Ова го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со претседателот Пендаровски.

Мицкоски го повтори партискиот став дека мандатот на Заев бил доделен неуставно, бидејќи тој нема докажано мнозинство.

„После час и половина дискусија со Пендаровски, заклучивме заеднички дека Заев изразил уверување дека ќе работи на создавање на парламентарно мнозинство. Пендаровски претходно рече дека ќе додели мандат кога ќе добие уверување за парламентарно мнозиснтво, а не да добие уверување дека ќе работат на обезбедување на мнозиснтво“, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во изјавата посочи и дека Пендаровски претходно ветил оти ќе ги свика на средба политичките лиери, но тоа не се случило. Истотака, како што посочи Мицкоски, Пендаровски рекол и дека нема да даде мандат на лица што имаат афери, но денеска сето тоа го побил.

Мицкоски го обвини Пендаровски дека ја злоупотребил функцијата претседател на државата. Рече дека институциите се заробени за личен партиски интерес, на сметка на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Судовите и обвинителствата ќе добијат независен буџет, најави Мицкоски – очекува „браво“ од Брисел

„Почекајте, ќе видите“ – Мицкоски за обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Опозицијата да не држи прес конференции со прашања, да достави докази и порача Мицкоски на СДСМ

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ очекува да има и вицепремиер и министер за животна средина, позициите кои му припаѓаа на Меџити

Катерина Ѓуровски