ВИДЕО: Заев го доби мандатот, најави Влада најдоцна за 20 дена

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го доби мандатот за формирање влада од претседателот Стево Пендаровски.

„Очекувам дека за најмногу 20 дена од денеска, а може и порано, да добиеме ефикасна влада која ќе се носи со предизвиците од Ковид-19“, рече Заев.

Тој најави дека пред македонското Собрание ќе испорача предлог за влада која ќе биде составена од одговорни и чесни луѓе кои ќе се борат со корупцијата на сите нивоа.

Заев истакна дека програмата на новата влада во најголема мера ќе биде посветена на македонската економија, со акцент на подобрување на животот на најсиромашните граѓани.

„Ќе водам влада која во целост го почитува Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство со Бугарија и Охридскиот рамковен договор“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски