Харадинај ќе се кандидира за претседател на Косово, но само ако Тачи го доврши мандатот

Од:

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК) и поранешен косовски премиер Рамуш Харадинај ја најави својата кандидатура за иден претседател на државата, откако во април идната година ќе му заврши мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи, јавува МИА.

По синоќешната седница на Управниот одбор на ААК, Харадинај обзнани дека партијата, која е дел од Владата на Косово, го овластила да преговара за проширување на владината коалиција, воедно најавувајќи дека ќе ја прифати „големата обврска и посебната чест“ да биде претседател на државата.

Во објава на својата страница на Фејсбук, Харадинај напомена дека би ја прифатил претседателската функција откако на Тачи ќе му заврши мандатот, но не доколку актуелниот шеф на државата биде принуден да се повлече поради обвинението подигнато против него од Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово.

– Му благодарам на Управниот одбор за неговото овластување во име на ААК да водам преговори за евентуална реконфигурација на владата, вклучително и прашањето на претседателот. Довербата јас да бидам кандидат за претседател, доколку тоа се расправа во рамките на Уставот, ја сметам за висока одговорност и посебна честа, напиша Харадинај.

Според приштинската телевизија Т7, „ваквата позиција на Харадинај доаѓа во време кога се разговара за влегување на Демократска партија на Косово (ПДК) во Владата“, со амбиција таа сега опозициска партија, основана од Тачи, а која последните четири години ја води Кадри Весели, повторно да ја добие претседателската функција.

Според Т7, и Иса Мустафа, поранешен премиер и лидер на главната владејачка партија, од чии редови е актулениот премиер Авдулах Хоти, не ја исклучува можноста самиот тој да се кандидира за претседател на државата откако ќе му истече мандатот на Тачи.

Реагирајќи на шпекулациите околу идниот кандидат за претседател на државата и „пазарењата“ со ПДК за вклучување во Владата предводена од неговата партија, Мустафа синоќа изјави дека „прашањето на престедателот се уште не е на дневен ред“, а за евентуалното проширување на коалицијата ќе разговара со актуелните партнери во владата.

Специјалното обвинителство при Меѓунарондиот суд за Косово, чие седиште е во Хаг, кон крајот на јуни годинава објави дека покренало обвиненија против неколку поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово, меѓу кои актуелниот претседател Тачи и лидерот на ПДК и поранешен собраниски спикер Кадри Весели.

Специјалниот суд со седиште во Хаг, познат во косовската јавност како „Суд за ОВК“, го водат меѓународни обвинители и судии. Формалната работа ја започна во јануари минатата година, од кога, во својство на осомничени или сведоци за злосторства против цивили од албанска, српска, ромска и друга националност, според досегашните информации, се повикани околу 300 поранешни припадници на ОВК.

Тачи, кој од 13 до 17 овој месец беше на распит пред обвинителството во Хаг, изјави дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател на државата доколку обвинението против него биде прифатено од судот.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина